logo
logo
logo

Вучиќ пред амбасадорите: НЕМА ДА ДОЗОЛИМЕ ПОНИЖУВАЊЕ НА СРБИЈА

Vecer | 27.09.2021

Вучиќ пред амбасадорите: НЕМА ДА ДОЗОЛИМЕ ПОНИЖУВАЊЕ НА СРБИЈА

Посветени сме на зачувување на мирот и почитување на Бриселскиот договор, но никако нема да дозволиме понижување ниту на Србија, ниту на нејзините граѓани, изјави претседателот Вучиќ.м вели претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој денеска ги прими амбасадорите на земјите членки на Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, кои побараа дескалација на кризата во северно Косово и Метохија.

Како што соопштија од прес службата на српскиот претседател „во оваа прилика, претседателот Вучиќ ја објасни позицијата на Србија“.

Тема на состанокот беше кризата на северот на Косово. Како што беше претходно најавено, за исходот од состанокот јавноста ќе има можност да дознае врз основа на официјално соопштение.

Откако Србите на Косово ги блокираа административните премини Јариње и Брњак, незадоволни што Приштина испрати специјални единици Росу на тие премини поради укинување на српските регистарски таблички, амбасадорите на Квинта минатата недела му понудија на претседателот на Србија предлог за решавање на ситуацијата, според која, како што тогаш кажа Вуќиќ во обраќањето до јавноста, „ ние малку ќе попуштиме, но ќе добиеме повеќе“.

Вучиќ тогаш изјави дека тој предлог го отфрлил бидејќи се работи за уцена и политика на свршен чин, на што не се согласува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk