logo
logo
logo

Вучиќ по средбата: Ништо не потпишав, приоритет ЗСО

Vecer | 19.03.2023

Вучиќ по средбата: Ништо не потпишав, приоритет ЗСО

- Денеска беше денот кога требаше да го договориме планот за имплементација. Она што е важно да се каже е дека овие неколку точки за кои се договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен од тоа. Се уште се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради – рече Вучиќ.

- И денеска немам потпишано ништо. Јасно кажав кои се нашите црвени линии. Направивме добар напредок во конструктивна атмосфера. Не беше ден Д, но беше ок ден. Утре ќе им ја претставам секоја точка на граѓаните и тоа што не очекува. Од понеделник и вторник ќе бидам подготвен да ги примим на консултации сите претставници на пратеничките групи. Ни претстои сериозна и не лесна работа во месеците што следат. Ако сакаме да истраеме на европскиот пат, тоа ќе се цени преку имплементација на она што ви го кажав вечерва. Тоа е суштината накратко, додава претседателот на Србија Александар Вучиќ .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk