Според него, ииницијативата, чиј дел се Србија, Албанија и Македонија, „може да биде машина за раст и развој на цела Европа”.
-„Отворен Балкан“ е најголемиот мировен проект кој Балканот сам го направил. Јас не се срамам од името Балкан како што се срамат многу политичари, горд сум што сум балканец и што сум од Балканот и не мислам дека поради тоа сме полоши од било кој од некој друг дел на Европа бидејќи тука растат горди луѓе, живеат горди луѓе и храбри и вредни и способни. Јас верувам дека „Отворен Балкан“ може да биде машина за раст и развој на цела Европа. Тие не можат нас да не стигнат, вели Вучиќ во интервјуто за „Прва ТВ“