logo
logo
logo

Вучиќ: Наскоро градиме Национален стадион, ќе биде поубав од Алианц Арената (ФОТО)

Vecer | 25.11.2021

Вучиќ: Наскоро градиме Национален стадион, ќе биде поубав од Алианц Арената (ФОТО)

Изградбата ќе чини 257 милиони евра, а како ќе изгледа соопшти српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и белградскиот Урбан институт.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за стадионот. Тој тврди дека стадионот ќе биде како оној на Баерн.

„Наскоро, пред крајот на годината, треба да завршиме се` и да почнеме да го градиме Националниот стадион. Ќе биде убав, поубав од „Алијанц арена“. тоа ќе биде нов дел од градот, вистински проект за развој на општина Сурчин и за цела Србија. Немам намера да влијаам некој да пишува за овие проекти, бидејќи луѓето претпочитаат да читаат кога некој ќе пцуе или ќе каже нешто грдо. Морам да кажам дека сум горд што Србија напредува успешно. Во овие две години корона кога ќе ја соберете, сигурно ќе бидеме земја број 1 или 2.“

Како дел од овој комплекс ќе има и трговски центар, фудбалска академија и веројатно музеј на Народното собрание на Србија. До стадионот ќе оди редовна линија на белградскиот трамвај.

„Идниот стадион ќе биде лоциран во делот на градската општина Сурчин, во делот на Сурчинското поле, источно од државниот пат, во близина на обиколницата на Белград, помеѓу јазолот Сурчин-југ и Остружница. Еден од најмодерните стадиони ќе се гради на вкупно 114 хектари државно земјиште, од таканаречена четврта категорија која ја определи УЕФА, а објектот ќе треба да исполнува многу прецизни и строги стандарди“, изјавил Божидар Бојовиќ од Урбаниот институт во Белград на презентацијата минатиот месец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk