logo
logo
logo

Вучиќ: Грција нè уверува дека нема да го признае Косово

Vecer | 26.05.2021

Вучиќ: Грција нè уверува дека нема да го признае Косово

Грција нè уверува дека нема да го признае Косово, изјави денес претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој додаде дека во следните денови следат „големи и важни консултации околу Косово“.

Тој на прашањето за шпекулациите дека Франција би можела да ја преземе „палката“ во дијалогот на Белград и Приштина, кажа:

„Ќе разговарам во следните денови. За нас е важно ние да ги чуваме нашите национални и државни интереси, а за сè останато во следните денови“.

На прашањето за тврдењата дека Франција би можела да предложи привремен договор според кој северот на Косово би добил автономија, а СПЦ посебен статус, во замена за признавање од Грција и визна либерализација од ЕУ за Косово, кажа: „Можеме во следните денови да разговараме за тоа. Не би зборувал однапред и пред нешто да дознаеме“.

Додаде дека имало некои промени во односите на Атина и Приштина.

„Очекувам да видам, бидејќи имаше некои промени во односите, дали станува збор само за трговска канцеларија или има заеднички интерес меѓу Приштина и Атина. Ќе видиме како ќе оди тоа, па ќе ја информираме јавноста“, кажа Вучиќ.

На шпекулациите дека Грција би можела да го признае Косово, кажа дека Атина уверува дека тоа нема да се случи.

„Тие (Грците) нè уверуваат дека нема да признаат, но овие нешта кои ги гледаме не се најдобра вест за нас. Ќе видиме и ќе ја информираме јавноста за тоа“, кажа српскиот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk