logo
logo
logo

Вучиќ: Утре очекувам оставки и во владата и на други места поради трагедијата во Нови Сад

Vecer | 19.11.2024

Вучиќ: Утре очекувам оставки и во владата и на други места поради трагедијата во Нови Сад

„Одговорноста не може да се избегне, утре очекувам оставки во владата и на други места“, рече Вучиќ во обраќањето до јавноста од Палата Србија во Белград.

Тој рече дека мора да има одговорност за тоа што се случило. „Мора да има голема кривична одговорност, бидејќи 15 лица не загинале по нивна вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата правилно и согласно законот“, рече Вучиќ. „Она што ни претставува проблем во деновите што следат е фактот дека некои успеаја, не со својата политика, туку со страв, да ја запрат Србија“, додаде тој.

Вучиќ истакна дека граѓаните треба да и веруваат на државата, која, како што рече, ќе ги најде одговорните.

Тој рече дека се обидува да преземе поголема одговорност од кога било, за да може земјата да оди напред. „Му кажав и на премиерот Милош Вучевиќ, тоа не е проблем. Сè што ви треба до крајот на мојот мандат, ставете ми го. Само Србија не смее да запре“, рече Вучиќ и додаде дека никој намерно не ја предизвикал несреќата во Нови Сад, но дека незнаењето, неспособноста и неодговорноста не ги ослободуваат од вината.

Претставниците на опозицијата бараат откривање и кривично гонење на одговорните за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во кој на 1 ноември загинаа 15 лица. Двајцата тешко повредени се уште се под постојана медицинска нега во Универзитетскиот клинички центар во Војводина и се во тешка состојба, во животна опасност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk