Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека премиерот Милош Вучевиќ „не направил ништо лошо“, откако вчера претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен ја откажа средбата со премиерот поради неговата средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетников.
„Заклучокот е дека Урсула не може да поднесе, не Урсула, туку некој во Брисел, да објави на социјалните мрежи дека Вучевиќ прво го примил рускиот министер, а потоа и претседателот на Европската Комисија“, рече Вучиќ. Рускиот министер Решетников е еден од бројните функционери од Москва кои се под санкции од Западот поради инвазијата на Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата