- Дали ќе разговарам телефонски или на друг начин, тоа ќе видиме, но морам да разговарам со него, рече Вучиќ во рамки на владина седница. Тој побара од Владата да формира тим за решавање на евентуалните последици од санкциите.
- Не смееме да си дозволиме да останеме без нафта или да трошиме резерви нафта, а да немаме сигурност, истакна Вучиќ, додавајќи дека Србија мора да се грижи за своите компании и граѓани.
Исто така, Вучиќ побара тим кој ќе преговара со „Газпром“ за нов гасен договор, нагласувајќи ја важноста од долгорочна стабилност, вклучително и за идните гасни електрани.
Можноста новата американска администрација да воведе санкции за НИС ја најави српскиот претседател Александар Вучиќ на 13-ти декември, наведувајќи дека има „некаков вид официјална потврда“ дека одлуката ќе стапи во сила на 1 јануари 2025 година поради на руската сопственост во НИС.
Како одговор на новинарско прашање од Еуроуз Србија, Американската амбасада во Белград посочи дека НИС е „национален ресурс за Србија, но дека руските сопственици користат дел од профитот за финансирање на агресијата против Украина“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата