После пет месеци протести кои почнаа како студенстски за набргу да се претворат во партиски и насилни, со блокирање градови, сообраќајници, институции и јавни закани за насилно соборување на власта и формирање техничка влада без избори, со денешниот голем митиниг “Не ја даваме Србија“ претседателот на државата Александар Вучиќ и актуелната валст ја затавораат и оваа страница на шарените револуции во регионот, во случајов во Србија, со неуспех за државен преврат.
За петте месеци не се случи ниеден поголем судир или интервенција на полицијата со демонстрантите кои постојано се обидуваа до тоа да дојде, додека од другата страна, кај демонстрантите беа откриени и спречени се за блокада и насилно преземање на белградскиот аеродром Никола Тесла, зградата на РТС и преземање неколку згради на општини и зградата на собранието на Војводина.
Во текот на демонстрациите студенстките барања од почетната фаза се претворија во барање за автономија на Војводина и на Санџак, за дистанцирање од притисоците врз Република Српска и за признавање на самостојноста на Косово.
Во демонстрациите, освен студенти и граѓани од Србија, учествуваа и демонстранти од Хрватска, Босна, Македонија, Црна Гора и неколку европски држави кои ги поврзува заедничка активност во “невалдиниот сектор“.
Како одговор на тоа српскиот претседател реши да формира широко народно движење, дополнување на владеачките партии, од интелектуалци, студенти, граѓани и работници кои немаат партиски книшки па се формираше и нова влада а за премиер е кандидиран Ѓуро Мацут, врвен доктор кој досега ниту бил ниту е активен во ниту една политичка партија.
Србија е економски лидер во регионот, иако сега лидерство е веќе блиску достижно со економските резултати кои ги има новата влада во Македонија, што се покажа како најважно за убедливото мнозинство граѓани: економска и социјална стабилност, мир во државата и добри односи со сите битни фактори во светот на политичката и економска сфера што Вучиќ и актуелната власт им го обезбедуваат.
Улицата загуби пред институциите и пред правниот поредок, тоа е клучот и пораката за српските но и другите шарени револуции во регионот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата