logo
logo
logo

Во земјите од Западен Балкан забележан најголем пад на илегалните преминувања на мигранти во ЕУ

Vecer | 16.04.2025

Во земјите од Западен Балкан забележан најголем пад на илегалните преминувања на мигранти во ЕУ

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад - од 64 проценти - е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 пристигнувања помалку во првите три месеци од годинава.

„Додека моделите на миграција се под влијание на мешавина на фактори кои се движат од временски услови до конфликти, се чини дека податоците укажуваат на продолжување на трендот на намалување забележан во 2024 година, кога бројот на нередовни гранични премини во Европа се намали за 38 отсто во споредба со претходната година“, рече Џудит Сандерленд од Хјуман рајтс воч.

Организацијата е меѓу групите за човекови права кои тврдат дека тактиките за одвраќање и затворањето на границите на ЕУ ги ставаат мигрантите во позиција да се упатат кон Европа преку поризични рути, вклучително и преку Средоземното Море, пишува Гардијан.

Во исто време, ЕУ склучи неколку договори за мигрантите со земји надвор од Европа, како Либија и Тунис. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk