logo
logo
logo

Возачот кој ја предизвика СТРАШНАТА НЕСРЕЌА во Белград има 72 години!

Vecer | 25.09.2021

Возачот кој ја предизвика СТРАШНАТА НЕСРЕЌА во Белград има 72 години!

Знам барем тројца возачи во градскиот превоз кои имаат повеќе од 65 години и работат. Вака Небојша Митровиќ од Синдикатот на возачите ГСП Белград одговара на прашањето на како е можно зад воланот на автобусот кој вчера влета во детско игралиште во Земун и повреди неколку лица, да е човек од 72 години.

- Оние кои така работат се живи бомби на тркала, а одговараат за толку животни. За материјалната штета нема ни да зборувам, заклучува Митровиќ.

Колку за потсетување, возачот од линијата 45 вчера нешто пред 14 часот влета во детско игралиште во Земун, при што повредени се пет лица, од кои три деца и две девојки. Детското игралиште е речиси целосно уништено.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk