На мрежите се објавени видеа на кои се гледа како неименуван маж краде накит од продавач под закана со пиштол. Тој побегнал од местото на настанот со скапо порше.
Најпрвин се преправал дека е муштерија, а потоа извадил оружје, го земал накитот и други вредни предмети, пренесува ProtoThema.
Полицијата се сомнева дека тој извршил најмалку две разбојништва пред да биде уапсен во населбата Палини, која е составен дел на Атина.
Надлежните велат дека осомничениот се обидел да се скрие во отворот на лифтот во станбената зграда во која живеел, но бил забележан.
На лице место е одземен самурајски меч и мобилен телефон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата