logo
logo
logo

Во Сараево почина човекот, чиј син вчера го запали

Vecer | 02.10.2022

Во Сараево почина човекот, чиј син вчера го запали

Неговиот син Ј.Е. (35) е уапсен синоќа, неколку часа откако избегал од местото на настанот, пренесува Klix.ba.

Таткото, кој се здобил со изгореници на повеќе од 70 отсто од телото, бил однесен на одделот за пластична хирургија на Универзитетскиот клинички центар во Сараево. Докторите се бореле за живот, но сепак имал мали шанси да преживее. Тој на крајот починал.

Напаѓачот веќе ѝ бил познат на полицијата, а по апсењето бил приведен во службените простории на Полициското одделение на МВР на кантонот Сараево.

Полицијата ги истражува околностите на случајот, по што уапсениот ќе го предаде на надлежното обвинителство кое во рок од 24 часа од предавањето треба да одлучи за притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk