logo
logo
logo

Во првиот квартал во Албанија 354 милиони евра странски инвестиции, предничат Турција и Италија

Vecer | 26.06.2024

Во првиот квартал во Албанија 354 милиони евра странски инвестиции, предничат Турција и Италија

- Турција е најголемиот странски инвеститор. Во периодот јануари-март 2024 година, турските инвестициски текови се значително зголемени, достигнувајќи го нивото од 69 милиони евра. По напуштањето на телекомуникацискиот сектор, турските компании продолжуваат да играат важна улога во финансиската, енергетската и екстрактивната индустрија, објавија медиумите.

Податоците покажуваат дека втор по големина странски инвеститор годинава е Италија,  41 милион евра. Италијанските бизниси главно се фокусирани во услужниот сектор.

Трети се претпријатијата со австриски акционери со инвестиции вредни 34 милиони евра, кои се концентрирани особено на осигурителниот пазар, во енергетскиот сектор, во хотелските и градежните услуги.

Во меѓувреме, интересен податок е фактот дека холандските странски инвестиции се позиционирани на четвртото место, губејќи ја доминацијата што ја имаа во последните години. 

Во првиот квартал од годинава  холандските странски инвестиции се со вредност од 25 милиони евра, а потоа следува Косово кое инвестирало 20 милиони евра. Косовските инвестиции главно се концентрирани во трговијата и градежниот сектор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk