logo
logo
logo

Во Хрватска пронајдена масовна гробница со 40 посмртни останки од Втората светска војна

Vecer | 29.09.2023

Во Хрватска пронајдена масовна гробница со 40 посмртни останки од Втората светска војна

Министерот за хрватски бранители Томо Медвед денеска на гробиштата на Св. Марија Магдалена, во Госпиќ ,на местото на ексхумација на останки од Втората светска војна и повоениот период, соопшти дека е пронајдена масовна гробница со 40 останки, пишува Индекс.хр.

- Ова е примарна гробница, познато е дека Госпиќ и неговата околина се место на големи страдања, а ова место на кое се пронајдени многу траги од огнено оружје и голем број чаури, како и траги од врзување, само го потврдува тоа, изјави Медвед.

Тој додаде дека во претходната фаза од ексхумацијата биле пронајдени и закопани над 100 останки од тој период.

За време на мандатот на оваа хрватска влада беа истражени 81 локација на гробишта од времето на Втората светска војна и повоениот период, при што беа ексхумирани останките на 1.943 лица, а Медвед најави дека оваа програма ќе продолжи.

Фото: Министерство на хрватски бранители

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk