logo
logo
logo

Во изминатите 24 часа без поголем земјотрес кај Санторини

Vecer | 19.02.2025

Во изминатите 24 часа без поголем земјотрес кај Санторини

Во изминатите 24 часа во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос не беа регистрирани земјотреси посилни од 4 степени, иако продолжува сеизмичката активност со помали потреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчера наутро беа регистрирани два земјотреси со јачина од 4,9 и 5 степени, што воедно беа и последните со магнитуда од над 4 степени, додека најсилниот во серијата земјотреси од изминатите седмици беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос денеска ќе го посети Санторини, додека надлежните комисии за процена на сеизмичка опасност и за мониторинг на вулканската активност при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција попладнево ќе одржат нов состанок за да ја оценат ситуацијата.

Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи и оваа седмица, трета по ред, се затворени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk