logo
logo
logo

Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи

Vecer | 12.03.2025

Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи

Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а според медиумите во Грција, уапсени се над 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Опен“ рече дека во предметите за двете криминални организации во Солун и Атина вклучени се над 55 лица и објасни дека на бензиските пумпи бил инсталиран специјален софтвер со чија помош за време на точењето гориво запирало мерењето со што потрошувачот добивал помала количина бензин, а плаќал регуларно, додека останато гориво било продавано „на црно“.

Зад конкретниот софтвер стојат две компании, одговорните се веќе уапсени, а било откриено дека оваа програма била инсталирана на над 50 бензински пумпи во цела Грција.

Според грчките медиуми, во рамките на акцијата биле извршени проверки на бензински пумпи и магацини во Атина, Солун, Александруполи и Лариса, а запленети биле над 100.000 евра./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk