logo
logo
logo

Во градови низ Србија ќе се одржат протестни прошетки - “Кампања на насилство мора да престане“

Vecer | 31.03.2025

Во градови низ Србија ќе се одржат протестни прошетки - “Кампања на насилство мора да престане“

Таа акција ќе се одржи откако вчера на протест во Ниш беше нападната и повредена со нож деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ.

Протестот почнува во 19 часот во градови низ Србија и е организиран од Бунтовничкиот универзитет, Слободниот универзитет во Нови Сад, Слободниот универзитет во Ниш и Слободниот универзитет во Крагуевац.

Собирот пред Рекоторат на Студентскиот плоштад во Белград започнува во 18 часот и 45 минути. Колоната ќе се движи по неколку улици во центарот до Републичкото јавно обвинителство.

Во Нови Сад, протестната прошетка ќе започне во 19 часот од кампусот, а ќе се движи до плоштадот на Слободата.

Во Ниш ќе има протести пред зградата на Основниот суд, а во Крагуевац пред Палатата на правдата.

 Проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград побара итна реакција од надлежните институции по нападот на деканката на Филозофскиот факултет во Ниш и преземање мерки што ќе обезбедат спречување на насилства врз членовите на академската заедница и граѓаните на мирните протести, бидејќи таквото насилство води „кон отворена репресија“.

Според нив, тој чин на насилство треба да се гледа во контекст на атмосфера „создадена со клевети, навреди, закани и притисок од високи јавни функционери и таблоидни медиуми“.

„Веќе предупредивме дека континуираните вербални напади во јавноста, на кои особено е изложен ректорот на нашиот универзитет, претставуваат чекор кон отворена репресија, но и создавање амбиент што практично поттикнува насилство врз студентите и професорите“, се вели во соопштението.

Проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград бара „да престане говорот на омраза, што може да доведе до трагични последици“ и бара од институциите „да преземат мерки за утврдување на одговорноста на медиумите“ и поединците кои „преку своите јавни настапи влијаат на поттикнување нетолеранција и конфликт во општеството и вршат притисок врз судството, а со тоа ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk