logo
logo
logo

Пет лица осомничени за незаконско користење средства на хрватското МНР

Vecer | 08.04.2025

Пет лица осомничени за незаконско користење средства на хрватското МНР

 Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб и Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) спроведуваат итни доказни дејствија поврзани со незаконско користење средства во хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

- Овие итни доказни дејствија, кои се спроведуваат во соработка со Полициската Национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (ПН УСКОК), доаѓаат по кривична истрага за можна злоупотреба на положбата и овластувањата во Министерството за надворешни и европски работи, во која се вклучени средства од Фондот за внатрешна безбедност (ФСС) и од државниот буџет на Република Хрватска, се наведува во соопштението на ЕППО и УСКОК.

Според хрватските медиуми пет лица се осомничени дека преку пат ни налози извлекувале пари од Европска Унија и од буџетот на Хрватска. Тие на патувањата делеле една соба, но доставувале фактури за посебни соби, при што земале од 200 до илјада евра. спорните патувања биле во периодот од 2019 до 2024 година во Германија, Ирска, Србија, Романија и Босна и Херцеговина.

По претресот во канцелариите на хрватското МНР, осомничените се во УСКОК на испитување. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk