logo
logo
logo

Во БиХ со куршум во глава е убиен шефот на полицијата, обвинети се осум лица

Vecer | 06.12.2022

Во БиХ со куршум во глава е убиен шефот на полицијата, обвинети се осум лица

Обвинението е прво што доаѓа откако истражителите откриле голема мрежа на луѓе вклучени во криминал со дешифрирање на апликацијата Sky.

Далибор Раилиќ (37) од Бања Лука е обвинет како организатор на убиството на началникот на одделот за криминалистичка полиција во Приједор, Раденко Башиќ. Како што е наведено во обвинението, на 21 март по наредба на Раилиќ, началникот Башиќ е убиен со куршум во главата пред влез во станбената зграда каде што живеел.

Покрај Раилиќ и Миљатовиќ, обвинети се уште пет мажи и една жена. Во обвинението е наведено дека организирале шверц на кокаин и марихуана, а нелегално заработените пари ги „переле“ купувајќи недвижен имот и луксузни автомобили. Началникот Башиќ ги истражувал нивните криминални активности, поради што го ликвидирале.

Тие биле откриени откако, со помош на странски полициски агенции и Европол, полицијата во Босна и Херцеговина добила пристап до комуникациите во рамките на шифрираната мрежа Скај, која ги обезбедила клучните докази потребни за судската постапка.

Според досегашните информации, повеќе од две илјади лица од Босна и Херцеговина биле вклучени во комуникацијата преку апликацијата Скај во текот на десет години, а меѓу нив се идентификувани полицајци и лица во правосудството. Главниот обвинител на Обвинителството на БиХ, Миланко Кајганиќ, претходно најавил покренување низа обвиненија против такви лица кои се занимавале со криминални активности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk