logo
logo
logo

Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица

Vecer | 05.10.2024

Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица

Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.

Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.

Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица - 17 во Јабланица и тројца во Фојница.

Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.

Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.

Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него  треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.

Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk