logo
logo
logo

Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад

Vecer | 11.11.2024

Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад

Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, апсење на одговорните за трагедијата и вонредната контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или на кои се работи во изминатите 10 години.  

На 1 ноември 14 луѓе загинаа, а тројца беа тешко повредени кога се урна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Оставка досега поднесе само министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, но тој рече дека не ја презема вината за трагедијата.

Во вторникот, за време на протестот во Нови Сад, мирниот марш се претвори во општ хаос во центарот на градот. Групи маскирани млади ја оштетија зградата на локалниот штаб на владејачката Српска напредна партија, врз која граѓаните претходно фрлаа црвена боја. Искршени се вратата и прозорците на градското собрание.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk