logo
logo
logo

ВО БЕГСТВО ПОЛИТИЧАРОТ НОГО кој објавуваше снимки за убиствата на Вања и Панче, српското Обвинителство му одреди притвор

Vecer | 13.03.2025

ВО БЕГСТВО ПОЛИТИЧАРОТ НОГО кој објавуваше снимки за убиствата на Вања и Панче, српското Обвинителство му одреди притвор

Срѓан Ного, конторверзниот српски политичар е во бегство откако му е одреден притвор поради сомнение дека повикувал на насилна промена на уставниот поредок, е во бегство, дознава „Курир.рс“.

Ного го оставил мобилниот дома и побегнал.

„Да го завршиме во сабота!“, а реченицата на Ного која може да го однесе во затвор.

 Тој во изјави за тамошните медиуми им се заканувал на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и на припадниците на српското Министерство за внатрешни работи.

Во јануари 2024 година, Ного објавуваше исечоци од снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Тој тврдеше дека токму таткото на Вања, а не полицијата ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка. Потоа следеше реакција од Основното јавно обвинителство – Скопје кои информираа дека сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените се обезбедени и не постои никаква опасност за компромитација на истрагата за убиствата со објава на снимки од видеонадзор на објекти.

Ного, како што пишува во биографијата објавена на неговата веб-страница, е еден од основачите и водачите, прво на движењето, а потоа и на партијата Двери во Србија. За пратеник во српскиот парламент е избран на изборите во 2016 година и таму останува до 2020 година. Во 2019 година бил исклучен од партијата, а до крајот на мандатот дејствувал како независен пратеник. Важи за промотор на теории на заговор и експонент на руските интереси во регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk