logo
logo
logo

Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови со изменет рок

Vecer | 24.05.2024

Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови со изменет рок

Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија. 

- Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk