logo
logo
logo

Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни

Vecer | 28.11.2024

Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни

Осомничениот, 57-годишен турски државјанин, кој е уапсен во Албанија, е поврзан со запленувањето на 703 килограми хероин во Хамбург, кој бил скриен во контејнерска пратка со сапуни од Иран.

Тој ќе биде екстрадиран во Германија, каде што ќе се соочи со обвинение за организирање на големо количество увоз на хероин во Западна Европа. Истрагата ја спроведоа германските власти со поддршка на Холандија и Европол.

Европол обезбедува разузнавачка поддршка за оваа истрага од април 2022 година, што резултираше со создавање на Оперативни работни групи (ОТФ) за борба против трговијата со хероин во Европа./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk