Видеото кое доаѓа од аеродромот во Дубровник предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
„Битката“ меѓу пилото и бурата ја овековечил дубровчанец кој ја споделил на својот Фејсбук профил.
Големото невреме често предизвикува проблеми во авиосообраќајот во Дубровник, а околу 11:30 часот се гледаат маките на пилотот кога авионот се обидувал да слета на аеродромот Руѓер Бошковиќ.
Авионот вистински се веел на ударите на ветерот за време на слетувањето. По првиот обид, пилотот за среќа во вториот обид успеал безбедно да го спушти авионот на пистата.
Коментарите под видеото се полни со ентузијазам и пофалби за пилотот кој успеа да се снајде во неизвесна ситуација. „Браво за пилотот!“, „Се препотив гледајќи“, пишувало во дел од коментарите под видеото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата