logo
logo
logo

Видео: Локализиран големиот пожар над Подгорица

Vecer | 24.07.2024

Видео: Локализиран големиот пожар над Подгорица

Заменик градоначалникот на главниот град на Црна Гора,  Лука Ракчевиќ соопшти дека пожарот што го зафати ридот Горица над Подгорица е локализиран, а осомничените за предизвикување на пожарот се уапсени и предадени на обвинителството. Синоќа околу 21:00 часот на ридот Горица во Подгорица избувна голем пожар по огномет организиран од неколку лица.

Пожарот избувнал брзо и зафатил бројни четинари во „белите дробови на градот“, јавија подгорички медиуми.

Поради пожарот без струја останаа градски и приградски населби во Подгорица. Ракчевиќ во објава на Инстаграм рече дека првиот дел од пожарот што бил забележан во 21 часот најверојатно бил предизвикан од несовесно палење огномет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk