logo
logo
logo

Ужас во Приштина: Сопруг ја изрешетал бремената жена, која требало да се породи (ВИДЕО)

Vecer | 30.11.2022

Ужас во Приштина: Сопруг ја изрешетал бремената жена, која требало да се породи (ВИДЕО)

Се сомнева дека ја убил нејзиниот сопруг.

Според портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флоре Ахмети, жртвата била на 35-годишна возраст и 41 недела од бременоста.

Според очевидци, жената накратко се упатила до продавница, кога мажот ѝ пришол и ја застрелал. Иако веднаш паднала на земја, мажот продолжил да пука во нејзиното тело.

- Околу 18:00 часот добивме информација за мртво тело во дворот на Универзитетскиот клинички центар во Приштина. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и медицинската екипа која констатирала смрт на жртвата, жена на возраст од околу 35 години. Според првите информации, покренатите сомнежи сугерираат дека се работи за убиство - рече Ахмети.

Како што додаде таа, полицијата во координација со државниот обвинител започнала истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk