logo
logo
logo

УЖАС ВО ХРВАТСКА: Пронајдено распарчено тело на старец кој исчезна во 2019 година, главен осомничен е НЕГОВИОТ ВНУК

Vecer | 04.10.2022

УЖАС ВО ХРВАТСКА: Пронајдено распарчено тело на старец кој исчезна во 2019 година, главен осомничен е НЕГОВИОТ ВНУК

Александар Нишевиќ (29) од Глина, кој минатото лето ги шокираше сплиќани со целосно неиспровоцирани физички напади врз две жени и за тоа беше осуден на 11 години затвор, од понеделникот се сомничи за убиство на дедо му Милош Нишевиќ (89) кој исчезна во 2019 година.

Милош Нишевиќ се води како исчезнато лице од 28 декември 2019 година, но истрагата утврдила дека зад тоа се крие „злобна позадина“, пишуваат хрватските медиуми, пренесува „Блиц.рс“.

Остатоците од неговото тело наводно биле пронајдени распарчени пред извесно време, а полицијата сега го сомничи за исчезнување неговиот внук кој од летото минатата година е во затвор.

Според неофицијални информации, по убиството на 89-годишникот му била отсечена главата. Мотивот наводно бил личен интерес, односно пензијата на жртвата на убиениот Милош.

Александар Нишевиќ беше целосно непознат за хрватската јавност до јули 2021 година, иако не бил непознат за судството. Повеќе пати бил осудуван за кражба, а иако собрал 13 правосилни пресуди, постојано добивал условни казни од судовите низ државата. Во јули 2021 година, надзорна камера го сними неговиот брутален напад врз една од двете жени што ги нападна без причина во истиот ден.

Најпрвин во 7 часот и 15 минути со шише во главата на објектот на плажата Фируле ја удрил 52-годишната Невенка Маргета, а кога жената паднала на скалите продолжил да ја удира по главата и вратот, со тупаници и со рацете ја фати за врат.

Откако бил сопрен од туристики кои наишле, напаѓачот побегнал. Недолго потоа, тој повеќепати со камен од зад грб удрил 40-годишна жена во главата на улицата „Антун Бранко Шимица“, а потоа продолжил да ја удира со тупаници по главата.

Констатирано е дека Маргета се здобила со полесни повреди, додека на 40-годишната жена била тешко повредена. Нишевиќ набрзо бил уапсен од полицијата и оттогаш е зад решетки. По ваквите напади, сите се прашуваа од каде таква агресивност кај 29-годишникот, кој дотогаш не направил ништо посериозно од кражба во продавница. Но сега се чини дека е, пишува „Јутарњи лист“.

Фото: Принскрин/Твитер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk