logo
logo
logo

Ужас на Крф: Убиен е маж, полицијата ја нашла крвавата облека на неговата 11- годишна ќерка

Vecer | 28.09.2024

Ужас на Крф: Убиен е маж, полицијата ја нашла крвавата облека на неговата 11- годишна ќерка

Полицијата врши увид на местото на настанот и се обидува да утврди како се случило злосторството. Мажот наводно бил избоден до смрт, објави Катимерини.

Во текот на истрагата, полицијата дошла до шокантно откритие - имено, во реонот околу куќата полицијата пронашла крвава облека во канта за ѓубре, која наводно ѝ припаѓала на неговата 11-годишна ќерка.

Таму бил пронајден и нож.

Полицијата се обидува да утврди зошто облеката на девојчето била крвава и дали убиството е извршено со пронајдениот нож.

Трагедијата била откриена во раните утрински часови околу 3 часот и 30 минути, кога неговата ќерка повикала полиција и рекла дека татко ѝ неодамна се вратил дома и е тешко повреден.

Таа рекла дека се чини дека таткото бил избоден со нож и бил во несвест.

Полицајците излегле на местото на настанот каде пронашле маж како лежи на подот од спалната соба, гол со рана под левата клучна коска.

Покрај ќерката, била и сопругата на 68-годишниот маж, додека парот, како што се дознало од истрагата, во последните две години ги ангажирал властите поради семејно насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk