logo
logo
logo

Унгарски МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија

Vecer | 10.10.2025

Унгарски МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија

„Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето со сурова нафта и гориво во Србија, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемена понуда од МОЛ“, наведе Сијарто во објава на Фејсбук.

Според него, тоа зголемување нема да може целосно да го замени недостигот испораки од Хрватска.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека реалната проценка е дека рафинеријата може да работи без дополнително снабдување со нафта до 1 ноември и додаде дека кога станува збор за горивото, нема да има проблеми до Нова Година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk