logo
logo
logo

УБИЈЦИТЕ на Данка биле ПИЈАНИ! Брза помош дошла по мајката и таткото на девојченцето

Vecer | 04.04.2024

УБИЈЦИТЕ на Данка биле ПИЈАНИ! Брза помош дошла по мајката и таткото на девојченцето

По десетдневна опсежна потрага, полицијата ги уапсила С.Ј.(50) и Д.Д.(50), двајцата од Бор, осомничени дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ. Како што пренесуваат медиумите во соседството, осомничените биле во алкохолизирана состојба во моментот кога ја удриле малата Данка.

- Слушнавме дека полицијата го пронашла телото пред два дена, но чекала осомничените да го признаат делото. Според гласините, телото не го нашле на депонијата во Бањско поле, туку на друга локација, недалеку од Зоолошката градина, вели извор на српски Курир.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13:45 часот во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Инаку, возило на итната медицинска помош е забележано пред полициската станица во Бор каде се наоѓаат мајката и таткото на малечката. Како што пишуваат српските медиуми, на мајка и на Данка, која инаку е бремена, и се слошиле, па лекарите итно ја пренеле во тамошниот Дом на здравјето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk