logo
logo
logo

Убиени со по ДВА КУРШУМИ ЗА СЕКОЈ ОД НИВ

Vecer | 04.10.2021

Убиени со по ДВА КУРШУМИ ЗА СЕКОЈ ОД НИВ

Семејството Ѓокиќ е убиено со пиштол, а според најновите детали, сопружниците Горан и Гордана и нивната ќерка Лидија, најверојатно се убиени со по најмалку два куршума.

Убиството, како што пишуваат српските медиуми, најверојатно е извршено со пиштол.

Во текот на денот беше пронајдена една чаура во близина на запалениот автомобил на семејството од Алексинац.

Подоцна, полицијата го претресе местото каде што беа изгорени нивните тела со цел да пронајдат повеќе чаури од испукани куршуми.

Инаку, семејството исчезнаа на 26 септември во селото Моравац кај Алексинац, а нивното исчезнување беше пријавено по два дена. Полицијата, со 100 припадници на жандармеријата и другите единици, изврши претрес во околината на Алексинац.

Завчера, шест дена по исчезнувањето, нивниот автомобил „Пасат“ беше пронајден изгорен во селото Тешице кај Алексинац, а потоа, нивните изгорени тела беа пронајдени на 10 километри подалеку, во атарот на селото Моравац.

Обдукцијата, чиј наод пристигна денеска, утврди дека целото семејство дефинитивно е убиено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk