logo
logo
logo

Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 мил. евра од комбе во близина на Атина

Vecer | 29.11.2024

Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 мил. евра од комбе во близина на Атина

Шест лица се уапсени за вооружениот грабеж на речиси 1,2 милиони евра од комбе за трансфер на пари, извршен пред два месеци во атинското предградие Лаврио, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека вкупниот износ што го одзеле е 1.185.226 евра, а кај уапсените биле пронајдени и запленети 211.490 евра, како и оружје.

Меѓу шестемина уапсени е и вработен во компанија за приватно обезбедување, членовите на криминалната организација уште од јуни годинава се здружиле со цел вршење кражби врз комбиња при трансфер на пари, а точно ги знаеле карактеристиките на конкретните возила во сопственост на приватна компанија за обезбедување.

-Од спроведената прелиминарна истрага, произлезе дека членовите работеле повремено и добивале социјална помош, со што трансакциите што ги вршеле, како и нивниот начин на живот не биле оправдани, соопштија од грчката полиција.

Грабежот се случи на 26 септември во попладневните часови пред позната продавница за играчки, каде што бил паркирано комбето, а сега веќе уапсените, со маски на лицата му пришле на возачот и под закана со оружје ги одзеле парите по што фрлиле боја на шофершајбната, ги дупнале гумите на комбето и побегнале.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk