logo
logo
logo

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 кг накит и злато

Vecer | 11.09.2023

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 кг накит и злато

Двајца македонски и двајца српски државјани биле уапсени во Солун откако во возилата со кои се превезувале биле пронајдени накит и осум прачки, веројатно златни, а сопствениците не можеле законски да го оправдаат поседувањето, јави дописничката на МИА од Атина. 

Големата количина накит и осумте златни прачки, со вкупна бруто тежина од 21.475 грама биле откриени, при патрола на полицајци во Солун, во две возила, едното со македонски, другото со турски регистарски таблици. 

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, уапсени се двајца државјани на Македонија, едниот на 72, другиот на 36-годишна возраст и двајца 37-годишни државјани на Србија. 

Паралелно, запленети се возилата и мобилните телефони, полицијата ќе го истражи потеклото на накитот и златото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk