Објавен е и точниот распоред на активности, правила за време на блокадата, како и точните делови кои ќе бидат блокирани.
Учесниците во блокадата синоќа одржаа и креативна акција во трговските центри во Белград, каде со фрлање летоци во воздух ја најавија 24-часовна блокада , закажана за денеска во 10 часот и на овој начин ги повикаа граѓаните да се приклучат ги поддржуваат нивните барања. Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеци, тие бараат да се исполнат нивните барања преку секојдневни акции. Државата се обиде на многу начини да го задуши нивниот бунт, но нивниот протест продолжува бидејќи не се исполнети сите нивни барања.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата