logo
logo
logo

Уапсени и парично казнети двајца туристи поради палење оган на плажа на грчки остров

Vecer | 22.08.2024

Уапсени и парично казнети двајца туристи поради палење оган на плажа на грчки остров

Од противпожарната служба соопштија дека со палењето оган на плажата во близина на шумско подрачје, го прекршиле законот за заштита од пожари и „на секој од нив му изречена административна казна од 2.250 евра“.

Според грчките медиуми станува збор за италијански државјани кои по апсењето попладнево биле изведени пред суд и добиле ослободителна пресуда, по што, како што објави државната телевизија ЕРТ, двајцата туристи се извиниле објаснувајќи дека не знаеле дека било забрането палење.

Пред два месеци на грчкиот остров Идра беше предизвикан голем шумски пожар од огномет и пиротехнички средства испулани од јахта. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk