Нејзиното име не се соопштува, а добила затворска казна од 36 месеци и ќе треба да плати 1.000 евра, бидејќи предизвикала два пожари.
„Грчката државјанка е одговорна за намерно предизвикување пожар на 24 и 25 август на земјоделско земјиште во областа Керасица“, соопштено е.
Надлежните служби брзо реагирале, па пожарот е изгаснат без поголеми штети.
Локалните медиуми јавуваат дека жената „уживала гледајќи ги пожарникарите и сакала да флертува со нив“.
Таа наводно признала дека „сака мажи во униформа“, пренесува Грик Репортер.
Таа била на местото на двата пожари, што предизвикало сомнеж кај специјализирани екипи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата