logo
logo
logo

Уапсена е директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата во Црна Гора

Vecer | 17.04.2024

Уапсена е директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата во Црна Гора

Службеници на СЈО утрово ја блокираа зградата на АСК каде што вршат претрес, објави РТЦГ.

Повеќе детали засега не се познати. Се чека официјално соопштение.

Буџетската инспекција извршила увид во Агенцијата како дел од годишниот план, а наодите биле објавени на 22 март. Министерството за финансии потоа наодите од увидот ги испратило до Специјалното државно обвинителство кое врз основа на приложената документација формирало кривично дело.

Тогаш инспекцијата предупредила дека Перовиќ сама си пишувала прекувремена работа и променливи во текот на 2023 година, за што добила речиси 13.500 евра, што, како што утврдиле од Буџетската инспекција, е спротивно на Законот за плати на вработените во јавниот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk