logo
logo
logo

УАПСЕН возачот на автобусот кој излетал од автопат во Хрватска, ЗАДРЕМАЛ

Vecer | 25.07.2021

УАПСЕН возачот на автобусот кој излетал од автопат во Хрватска, ЗАДРЕМАЛ

Од обвинителството во Славонски Брод појаснуваат дека возачот самиот признал дека за миг задремал. Тие го завршиле увидот на местото на кое утрото се случи тешката сообраќајна несреќа во која според нивните податоци загинаа 10 лица а 23 лица се повредени.

Обвинителството констатира дека автобусот на Дева Турс од Приштина кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството.

Според неофицијалните информации, тој го презел управувањето на автобусот на граничниот премин Брегана, меѓу Словенија и Хрватска, каде што се смениле со својот колега кој возел од Франкфурт до таму. Тој и девет патници смртно настрадаа во несреќата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk