logo
logo
logo

Уапсен во Колумбија: Како падна еден од водачите на балканскиот нарко картел?

Vecer | 21.04.2021

Уапсен во Колумбија: Како падна еден од водачите на балканскиот нарко картел?

Црногорскиот државјанин Иван Армуш е уапсен во неделата во голема акција на колумбиската полиција.

Тој е „означен“ како еден од водачите на балканскиот нарко картел.

Според колумбиската полиција, Армуш е уапсен од акцијата во која се запленети 494 килограми кокаин на луксузна едрилица кој требала да плови од пристаништето Картагена до Лисабон.

Откриено е дека, покрај испраќањето големи пратки кокаин во Европа, овој човек од Цетиње бил задолжен и за снабдување на американскиот пазар.

Вредноста на запленетата дрога е 20 милиони долари, а со нејзиното дистрибуирање во Европа, таа би достигнала многукратно поголема вредност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk