logo
logo
logo

Уапсен е возачот на автобусот по тешката сообраќајка во близина на Белград

Vecer | 24.08.2024

Уапсен е возачот на автобусот по тешката сообраќајка во близина на Белград

Тој е уапсен од полицијата во Белград, по наредба на Второто основно јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, објави Телеграф.

Тој се сомничи дека утрово во Умка додека управувал автобус на градски превоз удрил во тешко моторно возило и во таа прилика едно лице од автобусот настрадало, додека 18 патници се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар.

На М.К му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Инаку, камионџијата кој утрово нешто пред 8 часот учествуваше во страшната несреќа со автобусот раскажа што се случило на патот.

"Автобусот удри во камионот одзади. Страшно. Бев во камионот, гледам, гледам дека сака да уидри во мене. Не знам како не видел", изјавил за "Република" видно вознемирениот возач, по што се упатил да им помогне на повредените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk