logo
logo
logo

Турци се пресметале во маркет во Грција, еден е убиен: Мислевме дека се терористи (ВИДЕО)

Vecer | 15.06.2024

Турци се пресметале во маркет во Грција, еден е убиен: Мислевме дека се терористи (ВИДЕО)

Кога одекна првиот истрел, муштериите и вработените почнаа панично да бегаат.

"Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад", изјавиле очевидци.

Се испоставило дека се работи за пресметка на тројца државјани на Турција.

Првите резултати од истрагата покажуваат дека двајца мажи влегле во супермаркетот и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.

Еден од нападнатите се обидел и самиот да извади пиштол, но истрелот го погодил и починал на лице место. Другиот е тешко ранет и пренесен во болница.

Полицијата го приведе осомничениот за пукањето, а мотивот за злосторството засега не е познат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk