logo
logo
logo

Турските специјални сили пристигнаа на Косово за да му помогнат на КФОР

Vecer | 05.06.2023

Турските специјални сили пристигнаа на Косово за да му помогнат на КФОР

Претставник на турското Министерство за одбрана минатата недела изјави дека околу 500 турски војници ќе бидат испратени на Косово.

НАТО во вторникот најави дека ќе испрати 700 дополнителни војници во Косово за да ги засили силите на КФОР, во чиј состав досега беа околу 3.800 војници, вклучително и 350 од Турција.

Тензиите на северот на Косово ескалираа на 26 мај, кога специјалните единици на косовската полиција ги окупираа зградите на локалната самоуправа во општините со српско мнозинство, со цел да постават нови градоначалници Албанци, избрани на изборите што беа бојкотирани од Србите.

Во понеделникот, на 29 мај, десетици луѓе од двете страни беа повредени во судирите меѓу силите на КФОР и косовските специјални сили со локалните Срби. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk