Турција спречи ВЛЕЗ НА ЕДНА МИЛИЈАРДА ФАЛИСФИКУВАНИ ДОЛАРИ

Спречен обид за внес во Турција на досега незабележано голем износ од една милијарда американски долари кои требало да се пуштат на турскиот пазар што, несомнено, би пердивикало сериозно пореметување на пазарот на пари и криза, недоверба во турската валута и институции.
Турските безбедносни сили заплениле една милијарда долари фалсификувани пари во Истанбул и уапсиле шест лица вклучени во таа операција, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.
Меѓу уапсените има и еден државјанин на Гана и тројца шведски државјани.
Припадници на жандармеријата ги следеле осомничените до магацин во областа Кагитане во Истанбул, каде што ги заплениле лажните банкноти од 100 долари, соопшти канцеларијата.