logo
logo
logo

Црногорец отишол во Германија како турист, а се врати како херој- спасил деца од пожар (ВИДЕО)

Vecer | 29.09.2024

Црногорец отишол во Германија како турист, а се врати како херој- спасил деца од пожар (ВИДЕО)

Случајно се нашол на тоа место, но ни за момент не помислил дали ќе помогне, пишува РТЦГ.

Како што раскажал Шутковиќ, бил во посета како турист во Есен, Германија, се движел во близина на станбена зграда кога се случил инцидент каде, како што подоцна се дознало, Сириец наводно подметнал пожар. Пред таа зграда, Сириецот наводно запалил куќа, а потоа со своето комбе влетал во неколку продавници и се заканувал со мачета.

Според германските медиуми, во инцидентот е повредено 31 лице, меѓу кои и две деца кои се во критична состојба.

„Забележав оган и многу чад, а потоа најдов скала со која се качував до прозорецот што го скршив и влегов во станот. Беше непријатна ситуација, слушнав деца како врескаат, плачат. Спасив неколку деца , потоа отидов на последниот кат и спасив уште неколку деца со друг Сириец“, рече Шутковиќ.

Тој истакна дека прв дошол до тие деца и си го ризикувал животот.

Според Противпожарната служба и полицијата, околу 17 часот и 10 минути Сириец запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа на друга улица, пишува весникот „Билд“. После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, а потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.

Според Билд, полицијата на само неколку метри од продавницата за зеленчук успеала да го уапси сторителот кој имал изгореници на рацете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk