logo
logo
logo

Црна Гора протерува уште 28 странци поради соработка со службите

Vecer | 30.09.2022

Црна Гора протерува уште 28 странци поради соработка со службите

„Преку акцијата спроведена од Агенцијата за национална безбедност, се идентификувани лицата како носители на малигно влијание извршено за интереси на странски служби“, се наведува во соопштението.

Во информациите доставени до медиумите нема информации од која земја доаѓаат депортираните, ниту се соопштува нивниот идентитет.

Протерувањето на 28 странски државјани се случува еден ден по акцијата против двајца црногорски и неколку руски државјани поради сомнение за шпионажа и соработка со руската разузнавачка служба.  Официјална Подгорица вчера им го забрани престојот на шестмина руски дипломати, ангажирани во руската амбасада во Подгорица.

Москва го окарактеризира тој чин како непријателски и го затвори конзуларното одделение во Подгорица до понатамошно известување.

Обвинителството претходно соопшти дека две лица се уапсени под сомнение дека се вмешани во шпионажа.

Медиумите јавуваат дека се уапсени пензионираниот дипломат Радомир Секуловиќ и неговиот кум Владимир Белојевиќ, кој по распитот бил пуштен на слобода.

На Секуловиќ му е одредена мерка притвор во траење од 72 часа, потврди обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk