logo
logo
logo

Црна Гора: 12 годишно момче со воздушна пушка тешко го рани помладиот брат

Vecer | 16.01.2023

Црна Гора: 12 годишно момче со воздушна пушка тешко го рани помладиот брат

Дванаесетгодишен малолетник од селото кај Беране со проектил испукан од воздушна пушка го ранил својот помал брат во пределот на градниот кош.

Дека воздушната пушка не е безопасна играчка, туку оружје што може да биде опасно по живот, потврди и ранувањето на детето во Барското село Горана.

„Дванаесетгодишен малолетник со проектил испукан од воздушна пушка го ранил својот помал брат во пределот на градниот кош. Детето се здобило со повреди опасни по живот“, пишува Приморски.

Според Приморски портал, белодробно ткиво на десетгодишно дете било прободено од проектилот. Тоа се случило пред семејната куќа во Велика Горана.

„Воздушната пушка е одземена и испратена на вештачење“, потврдија за порталот Приморски од Основното државно обвинителство во Бар.

Повреденото дете од Општата болница Бар е испратено во Клиничкиот центар на Црна Гора, каде е хоспитализирано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk