logo
logo
logo

Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината

Vecer | 13.02.2025

Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината

Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом,  фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето.

Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, побараа на седницата да присуствува премиерот Еди Рама.

Тензиите започнаа откако претседателката му даде збор на министерот за односи со Парламентот, Таулант Бала. Прв кон говорницата се упати демократот Фламур Нока, а потоа и останатите пратеници на ДП, се пробија низ обезбедувањето и  го извлекоа микрофонот.

Поради тензичната ситуација претседателката Елиса Спиропали ја прекина седницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk