logo
logo
logo

Свадба во Хрватска од веселба, станала ПЕКОЛ: Младоженецот повраќал, добил дијареја... Мака имале уште 150 гости

Vecer | 31.08.2023

Свадба во Хрватска од веселба, станала ПЕКОЛ: Младоженецот повраќал, добил дијареја... Мака имале уште 150 гости

За Мислав Маркоч од Хрватска, минатиот петок бил ден за паметење - но не по добро. Тој за Јутарњи.хр открил како луѓето се заразиле на неколку свадби кои се одржувале во познат ресторан.

Мислав се оженил минатиот петок, а забавата за околу 250 гости, пријатели и семејството се одржала во свадбениот ресорт Корберон. Меѓутоа, веќе околу 20 часот, младоженецот почувствувал дека нешто не е во ред со неговиот стомак, поради што се повлекол во собата.

- Беше ужасно, повраќав и имав дијареја. Мислев дека е од стрес и возбуда за венчавката, но потоа кренав температура, открива Маркоч.

Како одминувале часовите, свадбата се одвивала без младоженецот, а тој бил се поизнемоштен, па морале да повикаат брза помош. Му дале антипиретик и гастроентеролошки лек, по што полека се прибрал и околу три часот по полноќ се вратил на прославата. Веќе следниот ден му се јавиле неколку гости кои ги имале истите симптоми.

- Кога дојдовме да платиме за прославата, му кажавме на сопственикот што се случило, а тој рече дека очигледно сум ги заразил гостите. Дури и верував и ми беше многу тешко. Дури подоцна, случајно, дознав дека една недела претходно на истото место се правела свадба со истото сценарио - вели Маркоч, кој му замерил на сопственикот на објектот што не му го спомнал настанот, а воедно го уверувал дека тој самиот бил виновен и му рекол никому да не го спомнува името на местото каде што се одржала венчавката, пишува „Јутарњи“.

150 гости се заразиле со вирусот

Конечно, дури 150 од 250 гости се заразиле со норовирус, од кои 20 завршиле во итната медицинска помош.

- На свадбата имаше и мали деца на кои им се слоши. Иако трае само 24 или 48 часа, тоа е многу заморно и исцрпувачко, вели Маркоч.

 

američka svadba, svadba

Тој објаснува дека на денот на неговата венчавка се случиле две свадби, нивната и на друг пар и дека секој бил во свој шатор, а гостите не се дружеле меѓу себе. Исто така, во саботата се одржале две свадби, а на секоја имало заразени.

-Значи знаеја дека имаат проблем уште од претходниот викенд и не реагираа, односно не не предупредија. Имаше потврдени случаи на норовирус и очигледно никој не реагираше на тоа. Уништија четири свадби, вели Маркоч и додава дека за се е информиран Институтот за јавно здравје на загрепската жупанија.

Според неговите сознанија, викендов се уште на распоредот има свадби и претпоставува дека младенците не се ни свесни што може да им се случи, исто како што и тие не знаеле.

Директорот на Wedding Resort Corberon, Саша Мајетиќ, вели дека е запознаен дека имало заболени на свадбите што се одржувале кај нив.

- Нашата храна е здрава и имаме сертификат за тоа. Време е на вируси и можно е луѓето да ја донеле инфекцијата. На свадбите има луѓе од цела држава, вели Мајетиќ и додава дека после првата свадба дезинфицирале се и сега повторно:

- Во постојан контакт сме со епидемиолошката служба, сите наши вработени се тестирани и никој нема норовирус. Претпоставувам дека еден од нив би бил болен доколку инфекцијата доаѓа од нас, вели Мајетиќ и заклучува дека безбедноста на гостите им е многу важна и дека ќе направат се ова да не се повтори.

 

Dijareja, Toalet-papir, Wc šolja

Од Институтот за јавно здравје на загрепската жупанија соопштија дека собрале информации од терен и дека ќе одговорат до крајот на работното време.

Ова се симптомите на норовирус

Се работи за многу заразен вирус кој се шири кога луѓето јадат храна или пијат вода загадена со патогенот. Ова се случува ако се ракува со храна или вода со вода загадена со норовирус (на поле, дома, во ресторан итн.) или ако храната и водата дојдат во контакт со траги од секрет на рацете на заразени или незаразени лица што може да го содржи вирусот.

Како и кај сите труења со храна, знаците/симптомите вклучуваат гадење, повраќање, грчеви во стомакот и дијареја. По правило, закрепнувањето е брзо (1-2 дена), а главните проблеми се можна дехидрација - особено кај многу мали деца, постари и имунокомпромитирани пациенти - така што е можно асимптоматско ширење на вирусот по закрепнувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk